„Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот филм на Дина Дума, вечерва ќе ја има светската премиера на Фестивалот Трајбека во Њујорк. Филмот е во Меѓународната конкуренција за награди и ќе има три проекции на фестивалот. Македонската премиера се најавува за септември.
Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, својот пат го започнува громогласно од срцето на Менхетен – на Tribeca Festival кој ќе се одржи од 3 до 14 јуни. Tribeca Festival важи за еден од најзначајните филмски фестивали во САД, каде еден ...