Мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски , по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски , претставува еден од најамбициозните обиди за создавање оригинален македонски мјузикл во поновата македонска театарска продукција.
„Ако веруваш во себеси и во своите соништа, со труд и работа од гасеница можеш да станеш пеперутка“, е лајтмотивот на мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, чија премиера беше синоќа во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.