Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех во Берлин освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, соопшти Општина Карпош преку социјалните мрежи.
Ученици од четврто одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје постигнаа значаен меѓународен успех, освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 , кој се одржа во германскиот главен град Берлин.