По половина година без сигнал, НАСА ја прогласи за завршена мисијата на леталото Мавен. Леталото повеќе од една деценија ја проучуваше атмосферата на Марс и пренесуваше податоци од роверите на Црвената планета. оИсчезна зад Марс и никогаш повеќе не се јави.
По шест месеци без каков било сигнал од леталото Мавен на НАСА кај планетата Марс, леталото е прогласено за некорисно.Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена по повеќе од една деценија набљудување на Црвената планета.