Полицијата во Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице поради злоупотреби со огревно дрво, фиктивни испратници и фалсификувани документи, со кои е остварена незаконска добивка од над 1,4 милиони денари.
Вчера во 17:30 часот во с.Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Ф.Ќ.(46) од с.Лопате, кумановско и Р.А.(51) од с.Слупчане, липковско.
Кривична пријава добија двајца ортаци од Струшко, кои се сомничат дека во атарот на селото Вишни, без да поседуваат дозвола, со багер копале и потоа со камион собирале минерални суровини, кои се наоѓале на површина од 10.104 метри квадратни.